-->
-->
ЛШ: ПСЖ ја надигра Барселона
-->
Екипата на ПСЖ постигна убедлива победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Синоќа пред своите навивачи ПСЖ оствари сигурна предност од 4:0 во пресрет на реваншот.
Стрелец на два гола беше Анхел Ди Марија во 18 и 55.минута, а другите два гола ги постигнаа новото засилување Јулијан Дракслер во 40.минута и Единсон Кавани во 72.минута.
На вториот натпревар одигран синоќа Бенфика ја победи Борусија Дортмунд со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Костас Митроглу во 48.минута. Гостите од Дортмунд преку Пиер - Емерик Обамејанг во 58.минута не реализираа пенал бидејќи голманот на Бенфика Едерсон успеа да го одбрани ударот од белата точка.
Вечерва се играат два натпревара од 1/8 финалето: Баерн – Арсенал и Реал Мадрид – Наполи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци