-->
-->
ЛШ: ПСЖ „го мина“ Челзи за пласман во ТОП 8
-->
Екипата на ПСЖ успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако и во реваншот од осминафиналето одигран синоќа го победи шампионот на Англија Челзи со 2:1. Францускиот првак со вкупни 4:2 го елиминира ривалот.
Со голот на Адриен Рабио гостите поведоа со 1:0 во 16.минута, а Диего Коста погоди за Челзи во 27.минута за да ја врати неизвесноста. Сепак по голот на Златан Ибрахимовиќ во 67.минута сите дилеми околку четвртфиналистот беа решени.
На вториот натпревар одигран вчера Бенфика како гостин славеше над руски Зенит со 2:1 и со вкупни 3:1 го елиминира противникот. Претходно во вторникот пласман меѓу осумте екипи обезбедија Реал Мадрид и Волфсбург.
Во вторник и среда се играат и другите четири осимафинални дуели: Атлетико Мадрид – ПСВ (0:0 прв натпревар), Манчестер Сити – Динамо Киев (3:1), Барселона – Арсенал (2:0) и Баерн – Јувентус (2:2).
Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе биде одржано на 18.март во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска