-->
-->
ЛШ: М.Сити и Реал М. без предност по првото полуфинале
-->
Екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа без голови 0:0 во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони.
На дуелот одигран синоќа на „Етихад’’ во Манчестер, првиот дел мина без поголеми возбудувања. Во второто полувреме Реал имaше три одлични шанси меѓу кои и онаа на Хесе кога топката заврши во гредата од голот на Харт.
Пропуштените можности на „кралевите’’ можеше да ги казни Де Бруин во третата минута од судиското продолжение, но неговиот удар гостинскиот голман Навас успеа да го одбрани.
Финалистот ќе се решава на реванш дуелот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабе’’ во Мадрид следната среда (4 мај).
Вечерва својот прв дуел од полуфиналето ќе го играат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен. Почетокот е во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани