Ракомет
3. јуни 2017 - 17:11

ЛШ - мажи: ПСЖ прв финалист во Келн

Ракометарите на ПСЖ се пласираа во во финалето на ракоментаната Лига на шампионите откако во првото полуфинале во Келн го победија унгарски веспрем со 27:26 (11:11). Во изедначен натпревар францускиот првак го имаше водството во текот на целото второ полувреме, а ланскиот финалист Веспрем само во неколку наврати успеа да изедначи. 

Најефикасни беа Генсхајмер и Хансен кај ПСЖ со по 7 голови, а Наѓ кај Веспрем постигна 6.
Натпреварот го судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Ова за ПСЖ е прво финале.
Во второто полуфинале од 18 часот играат македонскиот првак Вардар и Барселона.