-->
-->
ЛШ - квалификации: Балотели донесе победа на Вардар над Копенхаген
-->
Македонскиот првак Вардар забележа минимална против данскиот Коппенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Дуелот кој се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а на кој присуствуваа 10.000 гледачи, Вардар го доби со 1:0.
Во првото полувреме двата тима имаа свој периоди од играта, но без посериозни шанси се до последната 45.минута кога Филипе со удар работ на казнениот простор се обиде да го изненади гостинскиот голман Роби Олесен кој со одлична интервенција не дозволи вардарци да го отворат резултатот.
Во вториот дел Џонатан Балотели во 54.минута изби пред голот на Олсен, но ударот на Бразилецот во последен миг го изблокира Јохансон.
Сепак во 65.минута Балотели беше далеку попрецизен. По грешката на потесната одбрана на данскиот тим, топката случајно дојде до Бразилецот кој биеше силно и прецизно за водство на Вардар од 1:0.
Македонскиот првак преку Дамир Којашевиќ во 84.минута имаше мможност да стигне и до водство од 2:0, но Црнегорецот од 10 метри биеше премлако за да го совлада Олесен.
Тоа можеше скапо да ги чини црвено-црните. Данскиот тим во 86.минута, преку Парагваецот, Хавиер Сантандер и во втората минута од дополнението (90+2) преку Николај Томасен, имаше големи шанси да го израмни резултатот. Сепак вардаровиот голман Гачевски со прекрасни интервенции успеја да го сочува својот гол и му ја обезбеди победата на Вардар.
Реванш натпреварот во Данска ќе се игра на 2 август во терминот од 20 часот.
Резултати на другите дуели: Карабах – Шериф 0:0, Славија Прага – БАТЕ Борисов 1:0, Стеауа Букурешт - Викторија Плзен 2:2 и АЕК Атина - ЦСКА Москва 0:2, Партизан – Олимпијакос 1:3.
Останатите натпревари на програмата се утре.
фото: www.fkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет
-
Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор
-
Проф. Садикарио: Од Струшкиот медицински факултет ќе излегува импровизиран кадар, а тоа е многу опасно
-
Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода
-
Искроено краткорочно и долгорочно решение за срушениот потпорен ѕид кај Детската клиника