Ракомет
26. March 2017 - 10:35

ЛШ: Клајн погоди за реми меѓу Нант и ПСЖ

Со голот на Доминк Клајн (Нант) во последните секунди од натпреварот Нант и ПСЖ одиграа нершено 26:26 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Нант имаше водство во поглемиот дел од дуелот, но финишот му припадна на првакот на Франција ПСЖ, кој на овој натпревар играше без болниот Никола Карабатиќ.

На вториот натпревар од осминафиналето одигран вчера Веспрем победи на гости кај Загреб со 23:22, додека во четвртокот РНЛ го совлада Кил со 25:24 исто така на гости.
Денеска се играат три натпревари:
Монпеље - Киелце,
Силкеборг - ПИК Сегед и 
Мешков Брест - Флензбург.