ЛШ: Гризман типува на Јувентус
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, прогнозира дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите и дека престижната награда „Златна топка“ ќе заврши во рацете на Џанлуиџи Буфон.
Јувентус и Реал на 3 јуни во Кардиф ќе го играат финалето во Лигата на шампионите. Реал ја брани титулата, додека Јувентус ќе се обиде да го освои првиот трофеј по сезоната 1995/1996.
„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, што значи дека Буфон ќе ја добие Златана топка“, изјавил Гризман за шпанските медиуми.
Реал беше тимот кој го запре Атлетико во полуфиналето, поради што тимот на Диего Симеоне не успеа да го повтори минатогодишниот успех, кога стигна до финалето.
„Пораз во финалето повеќе боли. Размислуваш како ќе го кренеш пехарот, а кога ќе го загубиш натпреварот се чувствуваш лошо“, дополнил Гризман.
Атлетико и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите бидејќи во првенството го обезбеди третото место.
„Не ги освоивме трофеите кои ги посакувавме…Но, исполнивме една цел, што значи дека завршивме голема работа“, истакнал францускиот напаѓач.
Атлетико сезоната ќе ја заврши в недела, со натпреварот против Атлетик Билбао, што за тимот ќе биде последен меч кој ќе го одигра на „Винсенте Калдерон“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото