-->
-->
ЛШ: Динамо подготвува изненадување за Сити
-->

Натпреварите Динамо Киев-Манчестер Сити и ПСВ Ајндховен-Атлетико Мадрид ќе ја затворат првата рунда од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Гостите на првите натпревари ја имаат фаворитската улога, но дека се подобри од Динамо, односно ПСВ ќе мора да покажат на теренот.
Манчестер Сити години наназад вложува сериозни пари во тимот, кој никако не успева да направи некои посериозен резултат во ЛШ. Сити четврта година по ред игра во ЛШ и никогаш не успеал да го мине осминафиналето.
Динамо Киев, од друга страна, години наназад не е сила во европскиот фудбал, последен пат украинскиот тим играч во нокаут фазата во 1999 година, кога нападот заедно со Шевченко го предводеше сегашниот тренер Сергеј Ребров.
ПСВ Ајндховен, во групата во групата заврши пред Манчестер Јунајтед и ЦСКА, а зад Волфсбург. Тимот од „Филипс Арена“ пред 11 години играше во полуфиналето во ЛШ и оттогаш нема некој позначаен резултат.
Атлетико Мадрид последните четири години изразна во силен тим, зад себе има и едно финале, а минатата година беше елиминиран во четвртфиналето од Реал.
Дуелите во Киев и Ајндховен ќе започнат во стандардниот термин од 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
