-->
-->
ЛШ: Дерби во Париз
-->
По пауза од речиси два месеци, во вторник, со првите осминафинални натпревари ПСЖ-Барселона и Бенфика-Борусија Дортмунд, се враќа елитната Лига на шампиони.
Двомечот помеѓу ПСЖ и Барселона е еден од централните дуели во осминафиналната фаза. Францускиот шампион е во извонредна форма, иам 11 победи на последните 12 натпревари, а посакува да се одмазди за елиминациите од Барселона во нокаут фазата во Лигата на шампионите во 2013 и 2014 година.
Аргентинецот Анхел ди Марија, кој е поранешен фудбалер на Реал, смета дека сега е вистинското време ПСЖ да ја елиминира Барселона.
„Многу разговаравме за меѓусебниот скор, но тие елиминации се случувале во минатото, сега е друго време. Нов натпревар, нови играчи и се надевам поинаков конечен резултат“, рекол Ди Марија.
Во пресрет на натпреварот тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, доби една добра и една лоша вест: Марко Верати еден од главните играчи во редот за врска е подготвен за дуелот, додека клучниот дефанзивец и капитен на тимот Тијаго Силва ќе го пропушти натпреварот поради повреда.
Барселона во комплетен состав ќе му се спротивстави на ПСЖ, Бускетс и Иниеста се целосно рехабилитирани од повредите, а триото Меси-Суарез-Нејмар добрата форма ја потврди во саботата кога го декласира Алавес. Во победата 6:0 овие тројца постигнаа четири гола.
Вториот меч во вторник ќе го одиграат Бенфика и Борусија Дортмунд. Бенфика три пати во последните шест сезони играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но тешко дека против Борусија може да се нарече фаворит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење