Фудбал
17. October 2017 - 10:34

ЛШ: Дерби во Мадрид, Реал домаќин на Тотенхем

 
 
По три неделна пауза денеска и утре продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони со средбите од 3.коло.
 
Дербито на вечерта ќе се игра во Мадрид, каде ќе се сретнат Реал и Тотенхем тимови кои во првите две рунди забележаа победи. Интересно се очекува да биде и во Манчестер. каде Сити ќе биде домаќин на Наполи. 
 
Двојки за денепните дуели од 3.коло во ЛШ:
 
Група E: Спартак Москва – Севиља и Марибор – Ливерпул 
Табела: Севиља 4, Ливерпул 2, Спартак Москва 2, Марибор 1. 
 
Група Ф: Манчестер Сити – Наполи и Феенорд - Шахтјор Донецк 
Табела: Манчестер Сити 6, Наполи 3, Шахтјор Донецк 3, Феенорд 0
 
Група Г: РБ Лајпциг – Порто и Монако – Бешикташ 
Табела: Бешикташ 6, Порто 3, РБ Лајпциг 1, Монако 1.
 
Група Х: Реал Мадрид – Тотенхем и АПОЕЛ Никозија - Борусија Дортмунд
Табела: Реал Мадрид 6, Тотенхем 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ Никозија 0. 
 
Сите натпревраи ќе започнат од 20.45 часот/.