ЛШ: Борко Ристовски во тимот на колото
Дуелот на Вардар со Порто мина во знакот на македонските репрезентативни голмани Борко Ристовски и Никола Митревски. Голманот на Вардар по доброто издание доби заслужено место во тимот на колото во Лигата на шампионите.
Вардар и Порто одиграа крајно возбудлив и неизвесен меч во лигата на шампионите кој на крајот заврши со резултат 25-25 откако гостите постигнаа погодок буквално во последната секунда.
Своја вечер имаше голманот на Вардар Борко Ристовски кој мечот го заврши со 18 одбрани а постигна и четири погодоци казнувајќи ја успешно тактиката на Порто седум на шест. Вардаровиот голман со тоа се најде во тимот на колото Кодрин, Карачиќ, Сагосен, Душебаев, Екберг и Итуриза.
Одличен на голот на Порто беше и вториот репрезентативен голман на нашата репрезентација Никола Митревски кој имаше 11 успешни интервенции со што му овозможи нја својот тим да избегне пораз.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар