Лозарите до 25 декември ќе можат да аплицираат за субвенции
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира лозарите дека е во тек рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за произведено и предадено винско грозје од реколта 2017 година.
Висината на поддршката е два денари по килограм. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2017 година го предале во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.
Со поддршката се опфатени и земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2017 година го искористиле за потребите на сопствените регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.
Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство. Во прилог на барањето се доставува потврда за откупени количини. Образецот на потврдата може да се преземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.
Рокот за поднесување на барањата е до 25 декември 2017 година, до кога се поднесуваат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори