Бизнис
22. December 2020 - 16:30

Лоша година за странските инвестиции

Ќе заврши ли годинава како најлоша за странските инвестиции? За девет месеци од земјава инвеститорите повлекле 90 милиони евра. Според податоците на НБРМ, заклучно со септемрви прокнижени се само 119,53 милиони евра.

По месеци, најмногу СДИ имало во март над 109 милиони евра, најголем одлив имало во екот на кризата, во мај, кога од земјава се извлечени 31,5 милиони евра.

Освен лошите бројки, годинава ја одбележа и раскинувањето на договорите со четири компании кои не почнале навреме да градат во слободните економски зони. Истовремено, ниту една компанија не почна да вложува во земјава, но исто така ниту една од тие што работат, не си замина. 

Според проекциите на НБРМ, до крајот на годината состјбата би требало се подобри и 2020 ќе заврши со инвестиции во висина од 170 милиони евра што е најлош резултат во последните неколку години. Централната банка исто така прокетира дека од следната година состојбата ќе се врати на нивото од пред кризата.

Лани во земјава имаше 326 милиони евра, а претходната 2018 беше рекордна со над 620 милиони евра странски директни инвестиции.