Лондон не сака враќање на граничните проверки долж границата со Ирска по Брегзит

Британската Влада денеска информира дека не сака повторно да воведува проверки долж границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, откако ќе ја напушти ЕУ во март 2019 година, пренесе ДПА.
„Избегнувањето на секаков вид физичка инфраструктура на границата за Лондон ќе биде приоритетот број еден, кога ќе ги води преговорите во однос на својата единствена копнена граница со ЕУ“, посочи британското Министерство за Брегзит.
Лондон, исто така, соопшти дека сака да ја задржи слободата на движење со Ирска, што датира од пред членството во ЕУ. Но, не е јасно каква ќе биде политиката на Велика Британија во однос на влезот на луѓе од други националности преку границата со Ирска, зебележува ДПА
Прашањето за границата за Даблин е извор на загриженост, затоа што стравува од економски загуби и потенцијална блокада на мировниот процес во Северна Ирска.
Ставот на Лондон за границата со Ирска е соопштен само еден ден откако Велика Британија ја објави својата позиција за долгорочните царински договори со ЕУ. Лондон сака да ја напушти европската царинска унија, што ќе му довозможи самиот да ги договара своите трговски договори со другите земји. Сега ова е прерогатив на Брисел и Лондон не може самиот да склучи никаков трговски договор, додека не ја напушти ЕУ. Лондон вчера предложи привремена царинска унија со ЕУ по Брегзит, додека ги договара своите трговски договори, потсети ДПА.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
