Лондон ја напушта ЕУ на 31 октомври без оглед на последиците; ЕК: Можна политичка декларација

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија на 31 октомври, без оглед на се, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон.
Портпаролот исто така рече дека Велика Британија ќе продолжи да работи со колегите во Европската унија за договор за напуштање и дека владата се надева оти блокот ќе го промени својот став за таканаречената ирски „бекстоп“.
-Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври без оглед на последиците. Треба да ја вратиме довербата во нашата демократија и да ги исполниме ветувањата дадени пред граѓаните. Политичарите не можат да изберат чии гласови треба да се исполнат. Тие ветија дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот и ние треба да го сториме тоа, рече портпаролот.
Од друга страна, портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, рече дека ЕК е отворена за разговори со британскиот премиер со цел да се избегне тежок брегзит што може да предизвика голем економски пад.
Сепак, според неа, веќе е постигнат договор меѓу Британија и ЕУ за Брегзит.
-Но, ние сме отворени да зборуваме за политичката декларација, рече Андреева.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
