Лондон испраќа три воени бродови во Егејсктоо Море како дел од НАТО мисијата за спречување криумчарење мигранти
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе бидат испратени три воени бродови на британските сили што ќе учествуваат во операции на НАТО во Егејското Море против криумчарење мигранти.
Камерон ја даде изјавата часови пред да замине во Брисел каде ќе има европска средба на врвот посветена на миграциската криза. Во Брисел денеска европските лидери ќе имаат средба и со турскиот премиер Ахет Давутоглу за да извршат притисок врз Турција за да и помогне на Европа за справување со кризата.
– Треба да се разбие шверцот со мигранти и да ги разубедиме луѓето да не тргнуваат на ризично патување кое нема да им донесе ништо, изјави Камерон.
Во саботата Франција соопшти дека ќе испрати воен брод кој ќе биде заедно со трите бродови на Алијансата кои веќе се во таа зона.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта