Македонија
21. July 2018 - 18:08

,,Локум фест‘‘ во Битола

Еден од начините да се привлечат туристи во Битола е да се презентира културното богатство и традицијата со кои Битола располага. Деновиве Старата битолска чаршија преку Локум фест е центар на случувањата не само за битолчани, туку и за сите туристи и посетители на градот. Локумот и чалгијата ги привлекоа дури и охриѓани да дојдат во Битола.

-Јас сум задоена со музика, брат ми во чалгиите свиреше во Охрид и сите песни ми се премили. Многу ги сакам. Многу е убаво, треба да има повеќе вакви настани, не само една, вели посетител од Охрид.

12 години целта на Локум фест е да ја подигне свеста за значењето на традицијата. Фестивалот повикува и на зголемена туристичка зголеменост и развој на културниот туризам.

-Ние ќе се потрудиме во иднина да користиме европски фондови за да донесеме посериозни ансамбли од Европа и светот и ова место да стане препознатливо, а тоа е добро за туризмот. Имаме доста посетители од странство кои доаѓаат овдека. Препознатливи сме како културно-туристичка манифестација. Ги информиравме сите хотели и агенции дека има ваков настан, направивме една промоција, контактираме со агенциите кои носат туристи и им кажуваме дека има настан, а тие го ставаат во својата агенда, изјави Ивановски.

Покрај локумот и чалгијата, за време на фестивалот се презентираат и македонски ракотворби, како и вез на битолската архитектура.