Македонија
24. August 2021 - 20:20

Локални избори: Голем број кандидати се уште се држат во тајност

Дел од имињата на кандидатитѕе за градоначалници на СДСМ ќе останат непознати и по вечерашните состаноци на партискиот врв. Иако беше најавено дека целата листа ќе се заокрѕужи вечерва, лидерот на партијата уште пред два дена најавил дека за некои важни позиции ќе му треба повеќе време. Ова според извори на сител ги зоврива страстите кај дел од потенцијалните кандидати кои сметаат дека тактизирањето е со цел да се пречекорат роковите за поднесување независни кандидатури.

Ако вечерва нема одлука за негова поддршка, независен настап најавил актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриески кој според партиски извори има најдобар рејтинг на анкетите но зад него не стои неговиот сограѓанин и потпретседател ан СДСМ Оливер Спасосвки. Според неофицијални извори Спасовски сметал дека Димитриевски не смеел да биде награден со кандидатура затоа што ја критикувал Владата. Тоа би било лош пример и би ги охрабрило другите да го прават истото.

Неизвесно е и во Центар каде амбиција имаат повеќемина.. Здравственото лоби на чело со Венко Филипче ја губи битката за нивниот фаворит, директопрката на инфективна Милена Стевановиќ. Бројот на заразени не оди во прилог на успешна кампања за неа. . Извори од раководството на СДСМ брифираат дека најсигурен кандидат за градоначалник е претседателот на Општинската Организација, Горан Герасимовски зад кој стои Сања Лукаревска и која заедно со организацискиот секретар Мартин Попов силно притискаат кај Заев и Николовски неговата кандидатура да се потврди уште вечерва. Приврзаниците на Саша Богдановиќ пак силно се противат на кандидатурата на Герасимовски и сметаат дека е анонимец кој на анкетите се пробил благодарение на неговиот претходен ангажман во агенцијата Рејтинг на Спасови.

Нервоза во партијата прави независната листа на Јана Белчева која се очекува да одзема гласови од контото на СДСМ. Ситуацијата се комплицира што носителот на советничката листа на Левица ќе биде Ванчо Спасевски кој е поранешен делегат на Конгрес на СДСМ и секретар на партиската организација во Центар. Сето ова го отвора прашањето дали СДСМ и коалицијата воопшто ќе имаат мнозинство во идниот Совет на Општина Центар, која традиционално важи за нивен бастион.

За Прилеп две имиња ќе се борат до самиот крај. Според партиските истражувања Горан Сугарески има поголем рејтинг од актуелниот градоначалнил Илија Јовановски но заостанува зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ортопедот Борче Јовчевски. Општинската организација на владејачката партија во Прилеп бара раководството на СДСМ да пресече во полза на Сугарески уште вечерва за да тој има доволно време да се обиде да ја надомести разликата. Секое дополнително одолговлекување значи сигурен пораз на СДСМ во Прилеп, брифираат партиски извори.

Зоран Заев има дилема дали да ја слуша партиската база и да ја кандидира актуелната градоначалничка Наташа Петровска или да го слуша бизнис лобито кое застанува зад кандидатурата на бизнисменот Христо Кондовски кој според нив може да привлече повеќе неопределени гласачи. Наводно Петровска имала најголем рејтинг и притисокот на раководството на партијата е да се оди со неа како автентично партиско решение. Тактизирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола му ја отежнува одлуката на СДСМ.

Портпаролот на партијата Костадин Костадинов, според информации на Сител има амбиција за кандидатура за Струмица, но Заев го фаворизирал актуелниот градоначалник Коста Јаневски, кој според анкетите ужива голема доверба кај струмичани.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште тактизира со битни општини. Потпретседателот Николовски најави дека името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје ќе се знае идната недела, иако во јавноста подолго време се шпекулира името на претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Партиите ќе имаат рок да ги одредат кандидатите за градоначланици и советници до 6 септември.

Во меѓувреме течат предизборните активности и на Државната изборна комисја. Во теке увид на Избирачкиот список и собирање на потписи за независни кандидатури до 30 август. До крајот на неделава ќе стигнат и првите 250 читачи за отпечаток на прст кои ќе бидат користени на денот на изборите.