Бизнис
25. September 2015 - 17:11

Локална самоуправа подготвена да користи европски фондови

Развоен буџет кој со капиталните инвестиции ќе продолжи да ја поттикнува економијата. Вака бизнис заедницата го коментира предлог буџетот за 2016. Индустријата и градежништвото, кое ангажира уште 25 други гранки во реализација на капиталните проекти ќе бидат основни носители на растот кој проектиран на 4%.

- За бизнис заедницата е значаен развојниот сегмент. Изградбата на автопатите, локалните и регионалните патишта, осовременување на железничкиот транспорт, средувањето на зоните за да се привлечат нови инвеститори. Ова значи ангажман на домашните компании, вели Александар Зарков, оперативен директор на Сојузот на стопански комори.

Буџетот за 2016 предвидува историски највисоко ниво на капитални инвестиции од 37,5 милијарди денари што е за близу 13% повеќе од овогодишните. Значаен дел од средстата се насочени токму кон изградбата на патната инфраструкутра.

- Следната година 21 милијарда денари ќе се издвојат за изградба на патишта, како изградбата на трите автопати Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица, како и бројни регионални патишта како на пример патот од Радовиш до Штип и од Штип кон Кочани кој ќе почне да се гради следната година и ќе овозможи подобрување на конкурентноста на македонската економија.Тоа се проекти вградени во буџетот и истите ќе дадат импулс за развој на македонската економија, односно да го постигнеме очекуваниот раст од 4 отсто, изјави вицепремиерот и ресорен министер Ставрески.

Буџетот е проектиран на 3 милијарди 187 милиони евра. Се предвидува буџетски дефицит намален од овогодишните 3,6 отсто на 3,2%. Планираните се повеќе средства за социјална помош, како и ново покачување од 5% на пензиите, кои изминативе години се зголемени во просек за 62 проценти.

 

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА

2006       7.683 денари

2014       12.445 денари

Покачување на пензиите за 62%