Локализиран пожарот во поранешната фабрика „1 Мај" во Куманово
Локализиран е пожарот што 13 пожарникари со три противпожарни возила од ТППЕ Куманово, претпладнево го гасеа на објект во поранешната фабрика за градежна столарија „1 Мај„ во Куманово. Пожарот околу 10:30 часот избувнал во погонот познат како стара фарбара.
- Пожарот е ставен под контрола и не постои можност за понатамошно проширување. Сепак, наша екипа ќе остане на терен се до целосното ликвидирање, изјави Дејан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово.
Тој додаде дека станува збор за објект со значителна површина и дека целиот објект бил во пламен.
Причините за настанување на пожарот и настаната материјална штета допрва ќе се утврдуваат.
Очевидци раскажуваат дека екипата на ТППЕ Куманово веднаш пристигнала на терен, а од Кумановската противпожарна единица додаваат дека успешно е спречено проширувањето на пожарот, особено ако се земе во предвид дека сите објекти во поранешната фабрика се поврзани еден со друг.
Во минатото во фабриката за производство на столарија, врати и прозорци работеа и по двесте работници.
Ново на Сител
-
Со свечена академија одбележан празникот на Свети Климент Охридски – патрон на градот
-
Падна режимот на Башар Ал Асад, бунтовниците ја превземаа власта
-
Мицкоски смирува, во среда нема да се случи ништо - ДУИ со нови предупредувања
-
Мицкоски: Македонија е на врвот според раст на БДП
-
АХВ ги "чешла" градинките
-
Декември е месец на зголемен број повици кон Брза Помош
-
Еклатантни примери за кршење на работнички права во 21 век во Македонија
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ