Локализиран пожарот во атарот на Соње, ангажирани „ер трактори“ и хеликоптери од МВР
Пожарот меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште е локализиран. Во неговото гаснење биле вклучени три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираа дека двата хеликоптери исфрлиле над 13 тони вода на местото на пожарот.
- Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица. Во пожарот кој беше пријавен околу 13:50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање, велат од МВР.
Претходно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во изјава за медиумите информираше дека пожарот бил сопрен несредно пред неколкуте викенд куќи и дека чадот бил видлив од поголем дел од градот поради што имале повеќе повици на бројот 112.
Ново на Сител
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски