Локализиран пожарот меѓу трите села во општините Карбинци и Пробиштип

Локализиран е пожарот меѓу селата Горни Балван, Крупиште и Пишица. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов за МИА информира дека пожарникарите од Штип по 12 часот го локализираа и последниот дел од пожарот во атарот на селото Крупиште.
Пожарникарите од Штип, Пробиштип, Кочани, но и вработени од комуналните претпријатија и од ЈП „Македонски шуми“ овој пожар го гаснеа од вчера од 16 часот, а најкритично било синоќа кога пожарот се доближил на околу 300 метри од куќите во селото Горни Балван. Спасени се и бачила и фарми на сточарите од општините Карбинци и Пробиштип.
-Не можам да кажам за колкава површина изгоре во овој пожар. Но е навистина голема. Гореше сува трева, ниско стеблести растенија и дрвја. Материјална штета нема, но штетата може да кажеме дека е од аспект на екологијата, вели Атанасов.
Тој забележа дека на терен се гаснело со рачни пумпи и метли, но и со заштитна опрема, којашто е стара и ја одржуваат самите пожарникари.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во текот на вчерашниот ден во Штип настанал пожар во патничко возило „Застава“, сопственост на М.К. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.
На терен вчера биле и беровските пожарникарите. Пожар имало и на место викано „Света Петка“, атар на Пехчево. Во пожарот била опожарена борова шума, овошна градина и пасишта со вкупна површина од околу два хектари. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово.
Ново на Сител
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
