Локализиран пожарот меѓу штипските села Селце и Драгоево
Штипските пожарникари рано утринава го локализираа пожарот меѓу селата Селце и Драгоево на планината Серта. Командирот на ТППЕ-Штип Тони Атанасов вели дека пожарот којшто почнал вчера доцна попладнето го гаснеле до 23 часот, а утринава до осум часот го локализирале.
Во гаснењето на пожарот, којшто зафати сува трева и ниско стеблеста шума учествуваа 20 пожарникари, со три противпожарни возила и неколку вработени од ЈП „Македонски шуми“
-Теренот беше пристапен и не дозволивме пожарот да ја зафати дабовата шума. Инаку и во овој случај пожарот е подметнат и станува збор за несовесни луѓе, коишто и претходниот ден се обидоа да предизвикат пожар на овој дел, вели Атанасов.
Тој додава дека изминатите денови штипските пожарникари се справуваа со големи огнени стихии, од коишто во едната изгореа околу 2.000 хекатри пасишта меѓу општините Карбинци и Пробиштип, а за оваа се уште не можат да проценат, колку хектари се зафатени на планината Серта.
Ново на Сител
-
Кривична за полицаец - нападнал обезбедување во ноќен клуб во Скопје
-
Зеленски неделава во посета на Саудиска Арабија, веднаш по средбата на руски и американски дипломати
-
Реал Мадрид го обжали црвениот картон на Џуд Белингем
-
Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
-
Барселона финализира договори за неколку клучни играчи
-
„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија