-->
-->
Локализиран пожарот кој избувна во штипската населба Пребег
-->

Се запали сува трева околу старите бараки на поранешното Градежно претпријатие „Бетон“ - Штип, а од нив огнот се прошири во дворот на фабриката за мебел и во правец кон првите куќи на населбата Пребег.
Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излезгле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.
Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16.15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на Факултети на УГД-Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
