Локализиран голем дел од пожарот во близина во Атина
Поголем дел од пожарот што во понеделникот изби во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, е локализиран, а активно е само едно жариште, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција, утрово информираа дека со огнената стихија се справуваат 461 пожарникар со девет пешадиски тим и 166 возила, четири хеликоптери и четири авиони, а помагаат и 143 пожарникари со 46 возила од Полска, но и волонтери, цистерни од локалната самоуправа и пешадиски тима од војската.
Противпожарните сили во Грција веќе петти ден го гаснат пожарот што е во непрооден планински дел, а во изминатите денови беше потребно и превентивно да се евакуираат жителите од неколку села.
Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис вчера информираше дека за 24 часа биле регистрирани 55 пожари.
Ново на Сител
-
Приведен осуденик баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Со навремена пријава за пожар и брза интервенција спасена куќа во Велес
-
Пандов: Затвореници излегувале и влегувале во затворот „Скопје“ кога сакале
-
Таравари: До крајот на годината невозможно е зголемување на платите во здравството
-
Приведен криминалец од липковско, осуден на пет години и седум месеци затворска казна
-
Масакр во Хрватска: Маж упаднал и пукал во старски дом, убил 5 лица
-
Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари