Спорт плус
25. May 2016 - 10:05

ЛОИ 2008: 10 допингувани руски спортисти освоиле медаљи

Руската телевизија Меч соопшти дека дури 14 руски спортисти биле позитивни на повторениот допинг тест на игрите во 2008 година а од нив 10 освоиле медаљи. Најмногубројни се атлетичарите дури 11 од кои најпозната е Јулија Чемошанскаја која освои злато на 4x100 метри но и  Ана Чичерова која блесна на игрите во Лондон 2012 г освојувајќи златен медал во скок во височина. 

На листата се и двајца кревачи на тегови и еден веслач. 
Руската олимписка федерација најави дека ќе им забрани на сите овие спортисти да се натпреваруваат на игрите во Рио за да може ИААФ да ја симне суспензијата. 
Допинг примероците се чуваат според новите правила до 10 години и како напредува технологијата тие може повторно да се повторат што значи дека од игрите во Пекинг во 2008г се чуваат примероци до 2018 година.  Светската антидопинг агенција (ВАДА) претходно објави дека истражувањата прикажале системско допингување на руските спортисти со помош на владата која ги прикривала резултатите.