Македонија
29. March 2023 - 16:39

Лога ретерира: Впишувањето на Бугарите е приоритет пред другите барања за Уставот

Мал чекор назад направи новиот министер за правда откако доби експресно предупредување од поголемите коалициони партнери дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се оптоварува со други процеси.

„Приоритет над приоритетите е во преамбулата да се вметнат сите помали заедници, а ако се отвора Уставот моја идеја е за сите овие празнини во Уставот да може соодветно да добијат решение. Тоа не е идеја од партија, тоа е идеја од Министерството за правда, со професори и експерти ние седнавме и кажавме, бидејќи се отвора Уставот а не се отвора секојдневно добро би било сите овие празнини кои беа отворени во изминатите години да добијат решение“ – рече Лога на денешниот брифинг со новинарите.

Премиерот и денеска повтори дека не се откажува од процесот на Уставни измени, постапка која треба да финишира со гласање во Собранието за кое власта во овој момент нема обезбедено мнозинство

Ако имате мнозинство, ставете ги Уставните измени на гласање во Собранието, порача опозицијата.

Но ВМРО-ДПМНЕ нема да биде единствениот проблем на власта да дојде до двотретинско мнозинство. Тазе опозиционерската Алтернатива најавува свои амандамни со кои ја условува поддршката, а за својот глас официјализирање на албанскиот јазик ќе бара и БЕСА