Лога: Ова лето ќе имаме уставни измени, во ВМРО-ДПМНЕ се разговара на таа тема
Министерот за правда Кренар Лога има информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставните измени. Како што рече вечерва во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ, до крајот на претстојните десет дена уставните измени ќе бидат доставени до Собранието и ќе бидат изгласани.
- Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Предлогот од наша страна повеќе од две-три недели е во владина постапка. Премиерот заедно со Мицковски седна и донекаде имаше некаков договор за поддршка, но се добиваше на време за уставните измени да одат во Собрание консензуално. Остануваат уште неколку дена. Верувам дека до крајот на овие десет дена ќе се процесираат и ќе бидат доставени до Собранието. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во Парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат. Верувам, бидејќи имам информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за таков процес и дека ако тие не се за поддршка на уставните измени, ќе се најдат други луѓе, истакна Лога во гостување на ТВ Сител.
Во однос на амандманите, според Лога, нема ништо ново од она што веќе е излезено во јавноста.
-Станува збор за Преамбулата каде се додаваат други етникуми и за делот на Комитетот, рече министерот за правда.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
