Македонија
27. May 2023 - 14:51

Љутков: Владата дава поддршка само на градоначалниците од СДС

Се гледа дека централната власт многу повеќе инвестира во општинтие каде што се градоначалници од СДС, отколку во  општините каде градоначалници има ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат многу проблеми кои не може да се решат како последица на владата, изјави Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Тој од терен од населеното место Орешани истакна дека и покрај тие опструкции од централната власт, во општина Зелениково видлива е работата на градоначалникот Коста Маневски, а доказ за тоа е и задоволството кај граѓаните.  

Граѓаните ги кажаа своите проблеми со коишто се соочуваат, но генерално и градоначалникот им објасни дека некои од работите не можат да се решат се додека општината има нула поддршка од централната власт. Разговаравме со нив, ја имаме потребната поддршка, се чекаат изборите да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Љутков.

Тој посочи дека изборите се неопходни за да може да се направи рамномерно инвестирање и давање на средства во општините.

-  Општина Зелениково заслужува да има нормални услови за живот, рече Љутков.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ