Љуљзим Хазири избран за петти член на Комисијата за медиуми
Привремената Комисија за Следење на Медиумското Претставување со консензус постигна согласност за избор на Љуљзим Хазири за петти член на Комисијата, откако неговата кандидатура беше договорена на состанокот на лидерите на партиите во средата вечер.
- Денеска официјално беше комплетирано привременото тело за следење на изборите, во тие 100 дена пред избори. Сакам да им се заблагодарм на сите кои изразија интерес да бидат дел од ова медиумско известување. Имаме неколку принципи од кои нема да се отстапи. Тоа е пред се слобода на изразување, слобода на медиуми, никаква цензура и се разбира почитување на сите правила за сите подеднакво”, изјави Слаѓана Димишкова, член на Комисијата.
Долгогодишниот новинар и НВО активист Хазири изјави дека неговата кандидатура, која беше покрената во текот на вчерашниот ден, била веројатно единственото решение за кое партиите можеле да се согласат.
- Мислам дека со моето присуство и со мојата независност ќе бидам репер на добра соработка и изнаоѓање решенија. Сметам дека состојбата со медиумите не бара 100 дена, туку подолг временски период за да се добие една оптимална ситуација, изјави Хазири.
Мониторингот на програмата на телевизиите и радио-дифузерите почнува во петок. Согласно законските измени, привремената Комисија која се формираше во Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни Медиумски Услуги ќе носи заклучоци кои ќе бидат важечки за Агенцијата. Заклучоците ќе се однесуваат на препораки дали да се покренат постапки против медиуми кои го прекршиле изборниот законик.
Ново на Сител
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик