-->
-->
„Љубојна“ и хип-хоп за Нова Година во Прилеп
-->
Прилеп е подготвен за пречек на новата 2016 година. И овојпат локалните власти организираат богата програма на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Забавата на отворено, утре, на 31 декември, почнува во 11 часот, со програма за најмладите, децата од градинките и училиштата. На камената бина на плоштадот „Александрија“ сите деца заедно ќе се веселат, ќе ги пеат омилените песни, а ќе ги посети и Дедо Мраз.
- И годинава сме подготвени за пречекот на Новата Година. Ги покануваме сите да дојдат на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, рече денеска градоначалникот Марјан Ристески.
Претпладне настапуваат локалните музички ѕвезди: групите ACES UNFOLD и „Станица 048“, за најмладите, а ќе настапат и специјалните гости, скопскиот реге состав „Брука бенд“. Вечерта, новогодишната програма почнува околу 22 часот. Атракција ќе биде познатиот македонски состав „Љубојна“ кој со спој на традиционалното и модерното ќе ја раздвижи новогодишната атмосфера. На полноќ при ќе има богат огномет, а потоа, првите мигови од Новата Година и раните утрински часови се резервирани за големата хип-хоп журка на Митко Пикисипи од САФ, диџеј Димитри од Чаир кој важи за еден од основачите на македобнскиот хип-хоп и на пречекот на Новата Година првпат гостува во Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка