Љајиќ: Хрватската блокада нема никаква врска со заштитата на правата на малцинствата
Српскиот вицепремиер Расим Љајиќ денеска изјави дека хрватската блокада за отворање на поглавјето 26 во преговорите меѓу ЕУ и Србија нема врска со заштитата на правата на малцинствата, нагласувајќи дека тоа е чиста демонстрација на нејзината привилегирана положба како членка во Унијата.
Блокадата на Хрватска ќе има најмалку три штетни последици.
- Таа ќе нанесе огромни штети врз целокупните билатерални односи, а исто така ќе влијае и врз односот на јавноста и граѓаните кон ЕУ, бидејќи поради таквото условување ќе се зголеми бројот на лица кои се против пристапувањето кон ЕУ, наведе Љајиќ.
Според него, третата последица ќе се однесува на хрватското малцинство во Србија, кое, со ваков чекор, демек се заштитува. „Но, всушност на него му се нанесуваат најголеми штети, бидејќи во услови на остри односи меѓу двете земји, тешко дека може да се очекува да се подобрат правата на кое било малцинство“, нагласи Љајиќ, кој во 2004 година како министер за малцинства потпиша меѓународен договор за заштита на националните малцинства меѓу Србија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија