-->
-->
Ливерпул плати 7 милиони за Грујиќ
-->

Црвена ѕвезда и Ливерпул го договориле трансферот на Марко Грујиќ (19) за седум милиони евра, пренесува порталот Liverpool Echo.
Младиот фудбалер во јануари ќе стане член на Ливерпул, но до крајот на сезоната ќе остане во Црвена ѕвезда, што белградскиот тим ќе го чини еден милион евра.
Покрај тоа клубовите договоритле Црвена ѕвезда да добие 10 отсто од наредниот трансфер на Грујиќ.
Младиот фудбалер ќе го потпише договорот со славниот клуб откако ќе ги мине лекарските прегледи, а лидерот во српското првенство парите ќе ги добие веднаш и ќе ги искористи за да ја палати лиценцата за учество во европските купови.
Играчот од средниот ред за Црвена ѕвезда дебитирал во мај 2013 година, а оваа сезона го предводи тимот кон освојување на шампионската титула. Тој беше член на репрезентацијата на Србија, за играчи до 20 години, која летово триумфираше на светското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
