Фудбал
18. July 2016 - 14:12

Ливерпул го купи најдобриот играч на Естонија

Естонскиот репрезентативец Рагнар Клаван (30), во трансфер вреден пет милиони евра од Аугсбург ќе се пресели во Ливерпул.
 
Капитенот на естонската репрезентација на „Енфилд“ треба да ја пополни „дупката“ во одбраната која настапа по повредата на Мамаду Сако. Францускиот репрезентивец ќе отсуствува подолг период поради повредата на Ахиловата тетива.
 
Клаван е втор централен дефанзивец кој во Ливерпул доаѓа од Бундеслигата, претходни менаџерот Клоп го донесе Жоел Матип од Шалке.
 
Матип и Клаван се замени за Мартин Шкртел и Коло Туре кои го напуштија клубот.