Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
Литванскиот претседател Гитанас Науседа го критикуваше неуспехот на западните лидери да ги остварат своите закани за санкции против Русија поради војната во Украина, јави ДПА.
Коментирајќи дали германскиот канцелар Фридрих Мерц го поткопал кредибилитетот на Европа, Науседа за германскиот весник „Билд“ изјави: „Апсолутно, тоа е проблем“.
„Ова не само што влијае на кредибилитетот на нашите санкции, туку и на кредибилитетот на сите наши мерки кон Русија и нашата поддршка за Украина“, рече претседателот.
По посетата на Киев минатиот месец, Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск, ја повикаа Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
„Често објавуваме дека ќе ја поддржиме Украина и дека ќе и обезбедиме борбени авиони, ракети со голем дострел и муниција, но не сме во позиција да ги одржиме тие ветувања“, рече Науседа.
На украинската страна и е потребна опрема и муниција сега, а не во иднина, рече тој, нагласувајќи дека санкциите против Русија во моментов не се доволно одлучни.
Ново на Сител
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари