Живот
21. March 2017 - 20:45

Литванка има коса долга 230 сантиметри

Литванката Алија Насирова не се потстрижила цели 20 години и сега нејзината коса е долга 230 сантиметри, а тешка два килограма.

- Косата ми е потешка од нашата мачка, вели Алија која почнала да ја пушта косата инспирирана од принцезите од филмовите на „Дизни“.

Кога сака да ја среди фризурата, потребно и е цел ден - да ја измие, расчешла и исуши. И покрај тоа, таа нема намера да ја скрати косата, иако многумина ја наговараат на тоа, но не и нејзиниот сопруг Иван.

- Отсекогаш сакаше да биде како принцеза. Малку е незгодно во креветот, кога мора да внимавам да не и ја оштетам косата. Како и да е, горд сум на својата жена, рече тој за списанието „Сан“.