Литературната манифестација „Есен во Гази Баба“
Во основното училиште „Григор Прличев“ денеска се одржа литературната манифестација „Есен во Гази Баба“, како дел од одбележувањето на Денот на општина Гази Баба „3-ти ноември“.
За манифестацијата имаше објавено литературен конкурс „Есеј за есен“, на кој учествуваа ученици од сите основни училишта. Денеска беа прогласени петте најдобри ученици, кои од Сојузот за грижа и воспитување на децата се наградени со летување во детско одмаралиште во Охрид.
Во рамките на манифестацијата, градоначалникот Тони Трајковски, заедно со директорката на основното училиште Григор Прличев, Сузана Танева и претставникот од Сојузот за грижа и воспитување на децата на Македонија, Горјан Петрески, засадија седум дрвца во поетската шума „Сердарот“, во дворот на основото училиште.
Ново на Сител
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната