Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол

На 08.11.2025 во 02:53 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода В.М.(49) од Валандово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1.82 промили алкохол во крвта.
На 08.11.2025 во 03:05 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.Д.(26) од с.Цапари, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел" со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Ф.Д. е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.69 промили алкохол во крвта.
На 08.11.2025 во 01:16 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Љ.В.(57) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат" со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.В., при што е констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
На 07.11.2025 во 23:12 часот на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.С.(36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,79 промили алкохол во крвта.
На 08.11.2025 во 01:40 часот на ул. „Теодосиј Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.С. (32) од с. Оризари. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, при што било констатирано дека С.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
