Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско

На 05.12.2025 во 09:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на ул. „Браќа Ѓиноски" во Гостовар го лишија од слобода Е.Е.(38) од Гостивар, поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела ,,тешка кражба", сторени во текот на минатиот месец во продавници и маркети.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.12.2025 во 00:05 часот во с.Чајле, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.К.(44) од с.Леуново, гостиварско, поради основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во текот на минатиот месец во маркети и продавници во гостиварското подрачје.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
