-->
-->
Линиите на левата и десната рака имаат различно значење - Еве што значат
-->
Левата рака ни открива се за наследените способности и од неа може да се „чита“ што ќе ни донесе иднината. Десната рака ни покажува што досега сме постигнале во животот.
Всушност, пасивната рака „се чита“ кога ги гледаме наследните карактеристики и потенцијалот на личноста. Активната се „чита“ кога сакаме да дознаеме нешто за промените на тие наследни особини. Ако ознаките на активната и на пасивната рака се изразито различни, тоа значи дека станува збор за личност која активно и напорно работела на сопствениот напредок во секој поглед. Кај деснаците активна е десната рака, а левата е пасивна, додека кај левучарите е обратно. Личност со релативно мала рака се смета за поактивна и поминува помалку време во контемплација за тоа што би требало да се направи.
Еве како да ги толкувате правилно линиите на вашите дланки:
1. Линијата на животот
Таа почнува меѓу палецот и показалецот и минува околу венериниот брег кон рачниот зглоб. Ако е долга, длабока и мазна: добро здравје и долга старост. Прекините и двоењето на оваа линија надолу покажуваат на болест и/или несреќи.
2. Линија на главата
Над линијата на животот преку дланката се протега линијата на главата. Долга и длабока линија значи: опсежен ум. Кратка и длабока: едноставен ум. Свртена надолу во една насока: богата фантазија. Кога оди нагоре: досаден, објективен. Заеднички почеток со линијата на животот: разумно и со уживање општење со спротивниот пол. Почеток далеку над линијата на животот: наклонетост кон лицемерие. Мали напоредни цртички преку линијата на главата: склоност кон главоболки.
3. Линија на срцето
Над линијата на главата со спротивен правец (од малиот прст кон показалецот) е линијата на срцето. Длабока, мазна и долга: искрени чувства и сочувство. Ако крајот на линијата на срцето е меѓу показалецот и средниот прст: добар и пожртвуван. Ако, пак, крајот на оваа линија е на показалецот: има потреба за власт. Крајот на линијата на срцето зад показалецот укажува дека таа личност го посветила животот на една единствена професија. Колку повеќе се доближени линијата на срцето и линијата на главата толку повеќ главата доминира над чувствата.
4. Линија на судбината
Од рачниот зглоб до средниот прст. Мошне длабоко врежана: Пропишаната судбина го одредува животниот пат. Ако линијата на судбината почнува во средината на дланката: доцен успех. Ако нема линија на судбината: својствено одреден животен пат. Прекини на линијата на судбината значи: зли прокоби. Доколку линијата на судбината е во форма на цик-цак: несреќа, свртување од вистинскиот пат.
5. Линија на уметноста
Оваа линија свртува од линијата на судбината до четвртиот прст. Ако е особено изразена: личноста има уметничка надареност. Ако таа може да се види покрај друга линија (линија на парите): личноста може да живее од својот талент. Крстови и квадрати на линијата укажуваат на инцидентни заработки на пари. Ако ги нема и двете линии, таа личноста нема да има ниту слава ниту среќа.
6. Линија на Меркур
Десно покрај линијата на уметноста, под малиот прст. Една линија, долга и силна значи: деловна спретност. Повеќе тенки линии значи: научен интерес. Линијата на Меркур споена со линијата на парите или на уметноста значи: богатство стекнато преку наука или бизнис.
7. Линија на здравјето
Лакот под линијата на Меркур. Таа изостанува кај многумина. Ако е присутна означува здравствени проблеми. Честопати се однесува на болки на внатрешните органи.
8. Линија на среќата
Околу четири чинии околу зглобот. Ако се јасни значат: среќа, ако се испрекинати: среќа, но по напорна работа. Ако недостигаат: нема среќа.
9. Еротски линии
Малите линии на венериниот брег. Јак венерин брег укажува на изразена чувствителност и виралитет. Јаки, долги и паралелни линии значат: силно љубовно чувство. Кратки, слаби линии: мала чувствителност. Мрежа од линии: склоност кон кавги, кратки врски.
10. Линија на успехот
Мали линии од линијата на главата до показалецот. Ако се прави значат дека: амбицијата ја води таа личност до успех. Ако се вкрстени: препреки на патот до успехот. Линиите кои се сечат се посилни од линиите на успехот: неуспех на амбициозните планови.
11. Венусов круг
Лакот под средниот прст и четвртиот прст. Ако е затворен круг укажува на разочарување во љубовта. Ако има повеќе кругови: преголема чувствителност која го отежнува заедничкиот живот. Полуотворен круг: разочарувањето ќе биде совладано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме
-
Министерот Муртезани учествува на заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
-
Променливо облачно, попладне повремен пороен дожд
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите