-->
-->
Лина Вертмилер сака „Оскарите“ да се прекрстат во „Ана“
-->
Италијанската режисерка Лина Вертмилер во својот говор на синоќешното доделување на Гувернеровите награди, повика „Оскарите“ да се преминуваат во „Ана“ награди.
Режисерката, инаку добитничка на годинашната Почесна награда на Филмската академија, или „почесниот оскар“, на сцената беше придружувана од глумиците Изабела Роселини и Софија Лорен. Вертмилер е во својата десетта деценија од животот.
– Таа би сакала „Оскарот“ да добие женско име. Сака да го вика „Ана“, меѓу другото преведе Роселини од италијански.
Потоа, режисерката ги повика сите присутни жени да извикуваат: „Ние ја сакаме ’Ана‘, женски ’Оскар‘!“
Вертмилер во 1975 стана првата жена номинирана за Оскар за најдобар режисер за филмот „Седум убавици“. А, својата нова „Ана“, таа им ја посвети на сопругот и на својата ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишната елка на плоштад „Македонија“ ќе светне утревечер
-
Бочварски ја посети „Славик Фарм“ кој доби 110.000 евра од ИПАРД 2
-
Скопската населба Топанско Поле доби нов парк
-
Еколошка акција во Општина Кисела Вода
-
Спасовски: Градиме Центар, единствен во регионот, за безбедноста на граѓаните
-
Лажните бездомници од дивите населби нема да добијат бесплатни станови
-
Екоцентар 97: Огласените количини опасен отпад во кругот на АД ОХИС базирани на информации стари над 20 години
-
Бетиане Китев: Ги спречивме нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ, аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна