Лилјана Кузмановска: Владата ја задолжи државата за уште 24 милиони евра

Зоран Заев и Нина Ангеловска вчера наместо првичните планираните 9,2 милиони евра, ја задолжија државата за 24 милиони евра.
На што и како ќе бидат потрошени 15те милиони евра повеќе од првично планираните никој не знае, како што не знае ни каде се потрошени над половина милијарда евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Зоран Заев е на власт.
И додека државата засилено се задолжува, а Заев и Нина велат дека блескаме, Стево Пендаровски сака да се исели од државата.
Сакаат да се иселат и илјадници млади, кои заради лошите политики бегаат од државата.
Власта да ги насочеше барем половина од парите за кои ја задолжи државата во изминативе години за младите, сликата за Македонија ќе беше поинаква.
На расипништвото му доаѓа крајот. На 12 април граѓаните ќе им кажат не на погрешните и недомаќински политики кои ги избркаа нашите деца од родните огништа.
По 12 април почнува обновата на Македонија.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
