Лиле Стефанова ќе даде исказ за „Рекет“ во ЈО
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, денеска во Јавното обвинителство треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
Стефанова и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Јанева.
– Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, вели за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.
Обвинителката Лиле Стефанова по објавувањето на видеото во кое беше спомната од бизнисменот Јордан Камчев кој е обвинет во „Империја“, во пишана изјава до медиумите ги негира неговите тврдења, оценувајќи ги како обид да ја дискредитира како обвинител.
– Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски, наведе Стефанова.
Таа искажа подготвеност да соработува со Обвинителствово за организиран криминал за комплетно да се расчисти целиот случај „Рекет“.
Вчера, пак, во Јавното обвинителство беше повикана за случајот „Рекет“ даде исказ обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство.
Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлуката била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.
Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.
Ново на Сител
-

Паника на Волстрит: Остриот пад на акциите избриша милијарди долари од пазарот
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство

