-->
-->
Лил го доби дербито против Монако
-->

Фудбалерите на Лил славеа убедлива победа против Монако со 4:1.
Во дерби натпреварот од 33.коло на фудбалскиот шампионат на Франција. одигран попладнево, екипата на Лил со 4:1 го победи трето рангираниот Монако. Головите за домашната екипа ги постигнаа: Морган Амалфитано (37-минута), Едер (67), Мунир Абади (77) и Џибрил Сидибе (88), додека Фаре Бахлули во последната минута го постигна почесниот гол за гостите од Монако.
Денеска ќе се играат уште два натпревари, Ница – Рен и Олимпик Марсеј – Бордо, со кои ќе биде комплетирано колото.
На средбите одиграни вчера и во петокот беа постигнати овие резултати:
Гингамп - Париз Сен Жермен 0:2,
Анжи – Ајачо 0:0,
Тулуз – Бастија 4:0,
Сент Етиен – Tроа 1:0,
Ремс – Нант 2:1,
Кан – Лориен 1:2 и
Монпеље - Олимпик Лион 0:2.
Табела: ПСЖ 83 бодови, Олимпик Лион 55, Монако 55, Рен 51, Сент Етиен 51, Ница 50, Лил 49, Анжи 46, Кан 46...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
