Советникот во Министерството за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко потврди дека Бабченко е убиен.
Русија бара од украинските власти да вложи максимален напор за да го истражи убиството.
„Врз основа на информациите од Киев, како последица на вооружен напад во Киев е убиен руски државјанин, новинарот А.А. Бабченко, со престојувалиште во Украина. Бараме од украинските власи да вложат максимален напор во оперативната истрага. Сметаме, исто така дека соодветни меѓународни инстанци ќе го контролираат текот на истрагата“, наведуваат од руското МВР.
Во Министерството наведуваат дека нивото на физичко насилство и убиство на новинарите во Украина постојано расте, а истагите не доведуваат до казнување на сторителите.
„Крвавите злосторства и потполната неказнивост станаа рутина на киевскиот режим“, наведуваат во министерството.