Фудбал
27. January 2016 - 1:08

Лига куп: Ливерпул прв финалист

Екипата на Ливерпул успеа да се пласира во финалето ан Лига купот откако по изведувањето на пенали  беше подобра од Стоук. Реванш полуфиналето се одигра на Енфилд, а Стоук славеше победа од 1:0 го голот на Марко Арнаутовиќ во финишот на првиот дел бидејќи на првиот дуел Ливерпул победи со 1:0 на теренот на Стоук, се играа продолженија, а резултатот одтана ист па се изведуваат пенали.

По петте пенали немаше победник, а головите за Ливерпул ги постигнаа: Лалана, Бентеке, Фирмино, Милнер и Лукас, додека за Стоук стрелци беа:Волтерс, Вилан, Афелај,Шаќири и Ван Гинкел. Мињоле ги одбрани ударите на Крауч и на Муниеса, додека кај Ливерпул непрецизен беше Емре Чан.
Решавачкиот гол го постигна Џо Ален.
Во второто полувреме вечерва играат Манчестер Сити и Евертон. На првиот дуел победи Евертон со 2:1.
Финалето се игра на 28.февруари на Вембли.

.be