Фудбал
28. July 2016 - 9:27

Лига Европа: Шкендија домаќин на Млада Болеслав

 Екипата на тетовска Шкендија е пред нов предизвик во фудбалската Лига Европа. 
 
Тетовци вечерва на Националната Арена „Филип Втори“  ќе го играат првиот дуел против чешката екипа Млада Болеслав, а во рамките од третото коло во квалификациите за Лига Европа.  
 
Меч меѓу Шкендија и Млада Болеслав ќе започне од 20 часот, а правдата ќе ја делат арбитрите од Казахстан предводени од главниот судија Артјом Кучин.
 
Покрај овој натпревар денеска ќе се играат уште 28 други, а од поинтересните ги издвојуваме: Херта – Брондби, Домжале - Вест Хем и Сент Етјиен - АЕК Атина.