Loading Video...
Ракомет
24. November 2020 - 19:54

Лига Европа: Пелистер игра тежок меч вечерва во Германија

Ракометарите на Е.Пелистер вечерва имаат тешко гостување во Лига Европа.  Германскиот Рајн Некар е домаќин на македонскиот тим кој ќе се обиде да изненади против големиот фаворит. Средбата се игра со почеток во 20.45ч.  Еден од главниот адути на битолчани е Томислав Кушан. Да ги слушнеме неговите очекувања: - „Натпреварот против Рајн Некар Левен сигурно е најтешко гостување. Се работи за најквалитетна екипа во натпреварувањето. Но, ќе играме на победа и ќе дадеме максимум, па што сака нека биде. Најголем квалитет им е полуконтра и контра, играат брз ракомет. Често комбинираат со пивотменот, нивниот среден бек е еден од најдобрите во светот, Енди Шмит. Тоа се нивните најсилни страни, кои ќе се обидеме да ги затвориме“, заврши Кушан.