Македонија
16. July 2018 - 16:04

Лидерска средба за формирање на ДИК

Лидерска средба Заев – Мицкоски ако до крајот на неделава меѓупартиските работни групи не успеат да ги затворат прашањата околу формирањето на ДИК, финансирањето на политичките партии, пржински модел на влада 100 дена пред избори, како и за деталите околу референдумот за името, најавува премиерот.  Неофцијално од  работните групи велат дека договор на пониско ниво тешко ќе биде постигнат и дека веројатно ќе се чека на лидерската средба и на утрешните пораки на Хан.

Иако ВМРО-ДПМНЕ најави предлог закон за амнестија за настаните од 27 април, Заев потврди дека ова барање на опозцијата не е испорачано. За техничката влада Заев вели дека е подготвен да разговара смао доколку ВМРО-ДПМНЕ учествува во процесите поврзани со евроатланските интеграции. Премиерот вели дека не е ни против предвремени избори што ги бара опозцијата, но и нив ги врзува со референдумот за името.

Од ВМРО-ДПМНЕ стојат на претходните ставови.

Од друга страна, на денешната координација кај собрнаискиот спикер Џафери било договорено неделава да се изјаде договор и за сите надзорни и регулаторни тела кои сега се испразнети, како што е Државниот завод за ревизија, директорскотот место во ОТА, Антикорупциската комисија, Комисијата за слободен пристап до информации, второстепената комисија за управна постапка.