Лидерот на СДСМ Заев пред албанската дијаспора во Берн, Швајцарија ги прифатил сите барања на коалицискиот партнер Зијадин Села
Лидерот на СДСМ Заев не само што не се спротиставил на негирањето на македонскиот идентитет туку пред албанската дијаспора во БЕРН, Швајцарија ги прифатил сите барања на коалицискиот партнер Зијадин Села. Села лично во изјава по средбата со албанската дијаспора пред кои Заев имаше скандалозни изјави потврдува дека лидерот на СДСМ е подготвен и се согласил албанскиот јазик да биде официјален.
За мене е значајно што во некоја форма тој прифати и е подготвен да се направат уставни промени и ги прифати предлозите кои му ги дадов јас. Подготвен е распределбата на буџетот да биде на локално ниво, подготвен е албанскиот јазик да биде официјален јазик, вели Села.
Во јавноста веќе е познато дека на Села му пречи се што е македонско и останува на ставот дека потребна е промена на македонското знаме и химна. Тој на 29 декември лани гостуваше во емисија на косовска телевизија каде јасно кажува дека потребите на Албанците не се само премиер.
со прашање на новинарката -Како Албанци кои имате освоено толку пратеници колку што освоивте, Вие се наоѓате во позиција да поставите услов на било која партија со што ќе добиете многу повеќе од тоа што е бара во договорот, еве можете и премиер да добиете. Дали ова е многу амбициозно?, го прашува новинарката.
СЕЛА Не, не е амбициозно, туку е лага. Затоа што потребите на Албанците не се еден премиер кој ќе дава заклетва пред знаме и химна кои сакаме да ги смениме, одговара Села.
Ставовите на Села не се нбишто ново. Во 2015 година, на 18-ти мај Села гостуваше во емисија на националната албанска телевизија TVSH каде јасно посочи дека не може да почитува национална химна која не била гласана од Албанците.
Новинарот- Лично Вие се немате сликано никогаш со македонското знаме. Јас вчера пребарав на интернет и не ве видов ниту на едно место со македонско знаме, вели новинарот.
Села- Вистина е. Јавно имам кажано. Има една причина, не сум се сликал никогаш исто како што никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, споменав и во еден момент на почетокот на емисијата, не знам дали забележавте, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговара Села.
Дополнително, пред само неколку дена коалициониот партнер на Заев истакна дека не постои македонскиот народ, односно дека македонскиот идентитет не постои, а пред 100 години не постоел ниту македонскиот народ.
-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректнин и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.
Зијадин Села е еден од потписниците на Платформата од Тирана и тој е еден од оние кој прв му ја даде својата поддршка на Зоран Заев за формирање влада.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
